SportM
Фудбал

Рудигер: Се чувствувам одлично во Челзи, но другите одлучуваат

Д М14 фев 2022
Рудигер: Се чувствувам одлично во Челзи, но другите одлучуваат

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер изјави дека е среќен во Челзи, но дека само од него не зависи дали ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.

Неговиот договор со Челзи, според кој заработува 100.000 фунти неделно, истекува на лето.

Раководството на лондонскиот клуб се обидува да го задржи 28-годишниот фудбалер, па му понудиле плата од 200.000 фунти на неделна основа. Сепак, тој одби.

„Овде се чувствувам одлично, отсекогаш сум го велел тоа. Патем, како играм, можам да кажам дека сум задоволен“, изјави Ридигер и додаде: „Но и другите луѓе треба да донесат одлука“.

За германскиот фудбалер се заинтересирани големи европски клубови, како Баерн, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.