SportM
Фудбал

Руни против одземање на титулата од Сити и доделување на Јунајтед: Не заслуживме, не би го прифатил тој медал

SPORTM.mk1 окт 2026
Руни против одземање на титулата од Сити и доделување на Јунајтед: Не заслуживме, не би го прифатил тој медал

Вејн Руни зборува за можноста Манчестер Јунајтед да ја добие титулата во Премиер лигата, освоена од Манчестер Сити, доколку на вториве им се одземе трофејот во врска со обвиненијата против клубот.

Поранешниот напаѓач на Јунајтед не би прифатил таков медал, истакнувајќи дека неговиот тим не ја заслужил титулата на теренот: “Слушнав како Рио Фердинанд зборува за примањето на уште една медалја од Премиер лигата. Искрено, не би се чувствувал удобно да ја прифатам. Не мислам дека ја заслужуваме. Не направивме доволно тој сезон за да ја освоиме лигата. Имавме 6 или 7 поени предност со 4 или 5 натпревари до крајот и ја изгубивме.”

Тој додаде дека го разбира и гледиштето на играчите на Манчестер Сити: “Кога би се ставил во положбата на играчите на Манчестер Сити, разбирам дека тие направиле сé за да ја освојат титулата и во нивната свест ја освоиле Премиер лигата.

Доколку би имало медалја, не би се чувствувал удобно да ја земам. Би се согласил да им се одземе, но не би се чувствувал удобно да ја прифатам медалјата за второто место”.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.