Сѐ уште нема дебитирано за Шпанија, но вреди 80 милиони евра. Арсенал ја пикираше новата ѕвезда во одбраната
SPORTM.mk18 сеп 2026

Едно од имињата што се очекува да биде на списокот на Луис де ла Фуенте за 4 натпревари на Шпанија во Лигата на нациите, ќе биде и десниот бек на Спортинг Лисабон, Иван Фреснеда.
Според А Бола, Арсенал подолго време ги следи настапите на 21-годишникот. Тренерот Микел Артета го дал својот „ок“ за трансферот на младиот шпански одбранбен играч, за време на јануарскиот трансфер период.
Фреснеда е под договор со португалскиот клуб до 2028 година, но страните се во преговори за ново продолжување до 2031 година. Сегашната клаузула за негово заминување е 80 милиони евра.
Се очекува 21-годишникот да дебитира за Шпанија на натпреварите во Лигата на нациите, знаејќи дека недостасуваат Маркос Љоренте и Педро Поро.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



