SportM
Фудбал

Сагата не е завршена, Модриќ на играчите на Интер им рече дека ќе дојде во јануари!

Д М16 сеп 2018
Сагата не е завршена, Модриќ на играчите на Интер им рече дека ќе дојде во јануари!

Италијанските медиуми тврдат дека сé уште не е исклучена можноста Лука Модриќ да влезе во линијата од Интер.

Уште од Светското првенство трае шпекулацијата за можниот трансфер на Модриќ од Реал Мадрид во Интер. Трансферот не беше завршен до крајот на преодниот период, но тоа не значи ништо.

„Sport Mediaset“ тврди дека Модриќ се слуша со Перишиќ, Врсаљко и Брозовиќ, а им открил дека ќе стигне во Интер во јануари.

Mediaset уверува дека Модриќ треба да го потпише за клубот од Милано во зимскиот преоден рок, кој слабо ја започна сезоната во Серија А а се најавуваја големи работи.

Модриќ дојде во Реал од Тотенхем во 2012 и со кралевите освои три титули по ред од Лигата на шампионите и е еден од клучните играчи во Мадрид.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.