Connect with us

Фудбал

Сакаше физички да се пресмета: Мончи го испровоцира Меси, а неговиот одговор уште повеќе го налути (ВИДЕО)

Published

on

Барселона синоќа по продолженијата ја победи Севилја со 3: 0 и се пласираше во финалето на Купот на кралот.

Каталонците успеаја да го надополнат поразот од првиот натпревар од 2:0, и дојдоа до победата и пласманот понатаму.

И синоќа имаше многу искри на теренот, но и на трибините, што не е чудно кога играат Барселона и Севилја.

Во центарот на вниманието повторно беше спортскиот директор на гостите Мончи, кој не можеше да се помири со поразот. Мончи уште еднаш се судри со Роналд Куман, а кога играчите на Барса застанаа во негова одбрана тој не се повлече.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мончи потоа се свртел кон Лионел Меси, кому му рече: „Отсекогаш сте победувале со помош на судии“, но Меси не му остана должен и кратко рече: „Смири се, ќе си одиш дома толку нервозен ”

Наводно, ова уште повеќе го налути Мончи, кој се обиде и физички да го нападне Меси, но помошникот на Мончи успеа да го запре и да го придружува до соблекувалната на Севилја.

Facebook