„Салах е еден од трите најдобри фудбалери во светот“

Капитенот на Египет Ахмад Елмохамади смета дека неговиот сонародник Мохамед Салах треба да биде признаен како еден од трите најдобри играчи во светот.
Салах во сезоната не беше толку доминантен како што беше претходно, но даде 27 гола на сите натпреварувања и ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул.
Сега тој ќе се обиде да го предводи Египет на осмиот трофеј на Африканскиот куп на нации, кој започнува во петок.
„Салах е еден од трите најдобри фудбалери во светот, и ова е голема работа за нашата земја и за нашиот тим. Тој би значел многу на секој тим, сите ја очекуваат неговата игра, позитивно е дека тој е со нас“, рече Елмохамади, и додаде:
"Salah is now one of the best three players in the world" 🗣
Is he? 🤔 pic.twitter.com/WYaLZfCAXI
— GOAL (@goal) June 20, 2019
„Сепак, Салах е еден од 23-те играчи на листата и секој играч мора да му помогне на другиот. Играме тимски.“
Домаќинот Египет во петок игра со Зимбабве.



