Connect with us

Фудбал

Салах ги изненади сите со новата фризура (ФОТО)

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах ќе биде една од најголемите ѕвезди на Африканскиот куп на нации.

Салах пристигна на подготовките на својата репрезентација и сигурно ќе биде главна надеж на Египет за време на турнирот што овој месец ќе се игра во Камерун.

Откако го одигра дербито против Челзи и постигна нов гол, Салах со приватен авион замина за Египет, а во меѓувреме навивачите забележаа дека тој ја смени фризурата и ја скрати косата.

Тој објави фотографија од авионот со Мохамед Трезеге, фудбалер на Астон Вила кој и на овој турнир ќе ги брани боите на Египет.

Сезонава Салах постигна 16 гола на 20 натпревари во Премиер лигата и има девет асистенции. Беше одличен и во Лигата на шампионите и постигна седум гола на шест натпревари од групната фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Реклама

Facebook

Реклама