SportM
Фудбал

Салах го сруши рекордот на Суарез

Д М2 фев 2020
Салах го сруши рекордот на Суарез

Ливерпул триумфираше со 4-0 во саботата навечер во Премиер лигата

Од четирите гола постигнати за Ливерпул, два постигна Мохамед Салах.

Египќанецот беше најдобриот играч на натпреварот и со два постигнати гола тој вкупно постигна 70 гола во Премиер лигата со дресот на Ливерпул.

Салах го надмина Луис Суарез, кој постигна 69 во лигата кога играше за Ливерпул.

Инаку, Салах се натпреваруваше и за златната копачка во англиската лига, каде во моментов има 14 постигнати гола, три помалку од лидерот, Џејми Варди.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.