Салах и Фирмино ќе имаат најголем мотив во Белград
Д М6 ное 2018

Вечерашниот натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Ливерпул ќе биде посебна инспирација за – Мохамед Салах и Роберто Фирмино.
Египќанинот и Бразилцот вечерва имаат можност да влезат во историјата на Ливерпул, поточно еден од нив би можел да стане втор најдобар стрелец на познатиот клуб од Енфилд во Европа.
Салах и Фирмино имаат по 13 европски голови во дресот на Ливерпул, што е еден гол помалку од легендарниот Јан Раш.
Теоретски, можеби Садио Мане може да стигне до второто место вечерва, но ако постигне четири гола. Сенегалецот има 11 европски гола за Ливерпул.
Стивен Џерард, e најдобриот стрелец на Ливерпул во Европа, тој постигна 30 гола.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



