Салах остана без Златната топка, но доби награда која Меси никогаш не ја освои

Вечерта кога Лео Меси ја освои Златната топка по седми пат, беше тешко да се забележи дека вредна награда доби и Мохамед Салах.
Салах ја доби наградата Златно стапало што значи дека отисокот од неговото стапалото ќе заземе место на патеката на шампионите во Монако заедно со Пеле, Диего Марадона и многу други.
Големиот Египќанец не беше присутен на церемонијата, па наградата во негово име ја прими неговата сопруга Маги Садек, што е едно од ретките нејзини јавни настапи.
“Златното стапало за мене има посебно значење бидејќи оваа награда ја освоија многу фудбалски легенди. Затоа ја сметам за навистина посебна”, изјави фудбалерот на Ливерпул.
View this post on Instagram
Номинирани беа Меси, Жерар Пике, Роберт Левандовски, Џорџо Киелини, Нејмар, Серхио Рамос, Серхио Агуеро, Карим Бензема и Ромелу Лукаку, но наградата на крајот отиде кај Салах.
Златното стапало е награда која воопшто не е лесно да се освои. Според правилата, можете да победите само еднаш во кариерата, а право на учество имаат играчи над 28 години.
Комисијата избира 10 кандидати, а на крајот фановите преку онлајн гласање го избираат најдобриот. Можеби поради начинот на кој е избран, тој е многу авторитетен.
View this post on Instagram
Интересно, Лео Меси, кој во кариерата има освоено дури седум Златни топки, никогаш не ја освоил оваа награда.
Последните тројца добитници се Роналдо, Лука Модриќ и Единсон Кавани, а дел од играчите кои можат да се пофалат со оваа награда се Буфон, Касиљас, Иниеста, Дрогба, Ибрахимовиќ, Тоти, Роналдињо и други …



