SportM
Фудбал

Салихамиџиќ му испрати порака на Флик откако беше потврдено дека Нагелсман пристигнува во Баерн

Д М27 апр 2021
Салихамиџиќ му испрати порака на Флик откако беше потврдено дека Нагелсман пристигнува во Баерн

Баерн денес потврди дека Јулијан Нагелсман ќе ја преземе клупата на клубот во Минхен на крајот од оваа сезона.

Баварскиот клуб денес потврди дека Нагелсман ќе ја преземе клупата на Баерн на крајот од оваа сезона и дека ќе потпишат петгодишен договор.

Исто така, Баерн ќе плати отштета од околу 25 милиони евра на Лајпциг бидејќи Нагелсман беше под договор со овој клуб. Лајпциг се согласи на таа цена и потврди дека договорот на Нагелсман ќе биде раскинат на крајот на оваа сезона.

Нагелсман пристигнува на клупата на Баерн наместо Флик, кој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и ќе добие договорено прекинување на соработката.

Флик побара раскин на договорот со Баерн поради несогласувања со челниците на клубот, а пред се ова се однесува на Хасан Салихамичиќ. Тие се во конфликт бидејќи Флик не доби дозвола од Салихамичиќ да биде повеќе вклучен во трансферите и затоа реши да си замине.

Челниците на клубот му дадоа поддршка на Салихамиџиќ во оваа ситуација, иако Флик освои сè што можеше минатата сезона со Баерн. Тоа не им се допадна на навивачите кои побараа од Салихамиџиќ да го напушти клубот, но тоа не се случи.

Откако денес беше потврдено дека Нагелсман ќе го преземе кормилото на клубот од Минхен, Салихамиџиќ исто така најави дека му посакува се најдобро на Флик во иднина.

“Сакам да му се заблагодарам на Флик. Со него славевме голем број победи и титули, тројката од минатата година беше врв. Овие успеси ќе останат испишани со неговото име. Му посакувам се најдобро во иднина”, изјави Салихамиџиќ.

Флик неодамна јавно откри дека го напушта Баерн на лето и реши да биде првиот кој ќе им ја соопшти оваа вест на играчите.

“Сакам да ја прекинам соработката на крајот на сезоната. Тоа е факт и беше многу важно за мене тимот да го слушне тоа од мене. Одлуката не беше лесна за мене. Јас сум фан на овој клуб и јас ќе бидам вечно благодарен за шансата што ми ја дадоа. Завршивме одлична работа во изминатите скоро две години и јас сум импресиониран од квалитетот што го има тимот“, рече Флик.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.