SportM
Фудбал

Салихамиџиќ направи гест кој новиот играч на Баерн никогаш нема да го заборави

Д М1 авг 2022
Салихамиџиќ направи гест кој новиот играч на Баерн никогаш нема да го заборави

Баерн ја започна новата сезона онака како што ги навикна своите навивачи – со освојување на германскиот Суперкуп.

Баерн во одличен и многу ефикасен натпревар го совлада РБ Лајпциг со 5:3 и со тоа најави нова натпреварувачка година за која во Баварија се надеваат дека ќе биде поуспешна од претходната.

На таа средба вкупно четворица новајлии ги апсорбираа првите минути, додека младиот напаѓач Матис Тел воопшто не беше во конкуренција за натпреварот.

Тел пристигна од Ринес за 28,5 милиони евра, а овој 17-годишник е голем залог за иднината на Баерн.

Иако не беше во ростерот за мечот, Хасан Салихамиџиќ направи голема работа за Тел што му дозволи да тренира на загревањето со тимот, а потоа го крена трофејот во воздух.

Го следевме повеќе од две години и не убеди сите. Сега е работа на сите во клубот да му овозможат да игра и да влезе во ритам“, изјави Салихамиџиќ.

 

“Многу сме среќни што не избра еден таков талентиран фудбалер. Тој е многу силен и има напаѓачки гени во себе. Има добар шут и мислам дека ќе биде забавно со него”, додаде спортскиот директор на Баварците.

Без разлика што трансферот е комплетиран, Баерн се уште не успеал да го регистрира младиот Французин, а се надеваат дека се ќе биде завршено до првото коло против Ајнтрахт в петок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.