SportM
Фудбал

Салихамиџиќ подготвува трансфер кој како никогаш досега ќе го размрда фудбалскиот свет

Д М24 јун 2022
Салихамиџиќ подготвува трансфер кој како никогаш досега ќе го размрда фудбалскиот свет

Баерн пред неколку дена го официјализираше доаѓањето на Садио Мане, но се чини дека летниот преоден рок за нив само што започна.

Баварците завршија одлична работа доведувајќи го Мане кој по шест сезони реши да го напушти Ливерпул. Мане пристигна во Минхен за околу 35 милиони евра, што е уште една одлична работа на Хасан Салихамиџиќ.

Сепак, медиумите во Германија пишуваат дека Салихамиџиќ би можел уште еднаш да ја разбранува фудбалската јавност бидејќи наводно подготвува трансфер за паметење.

 

Баерн најверојатно ќе го пушти Роберт Левандовски да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи во дресот на Барселона, а јасно е дека германскиот клуб мора да донесе достојна замена за полскиот напаѓач.

Како што соопшти утринава Kicker, прва мета на Баерн е Кристијано Роналдо. Португалецот не е многу задоволен од ситуацијата во Манчестер Јунајтед и долго време се шпекулира дека би можел да го напушти клубот.

 

Роналдо сака да игра за клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, а претходно се поврзуваше со трансфер во ПСЖ. Сепак, Баерн покажа голем интерес за Роналдо и е подготвен да му понуди двегодишен договор.

 

Доколку Јунајтед се согласи да го продаде овој играч, тој би можел да инкасира околу 15 милиони евра. 37-годишниот фудбалер има договор со „црвените ѓаволи“ до летото следната година.

 

Роналдо минатата сезона беше убедливо најдобриот играч на Манчестер Јунајтед и на 39 натпревари во сите натпреварувања успеа да постигне 24 гола и да додаде уште три асистенции.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.