SportM
Фудбал

Салихамиџиќ заврши уште еден трансфер, се чека договорот на клубовите

Д М17 сеп 2020
Салихамиџиќ заврши уште еден трансфер, се чека договорот на клубовите

Хасан Салихамиџиќ заврши уште еден одличен трансфер.

Салихамиџиќ ги договори условите со одличниот десен бек на Ајакс, Сергин Дест (19), а талентираниот Американец е подготвен да потпише петгодишен договор со Баварците.

Сега останува да се постигне договор со Ајакс. Постојат одредени разлики помеѓу клубовите, но и тоа треба да се заврши многу скоро.

Ајакс бара помеѓу 15 и 20 милиони евра за услугите на овој фудбалер, Баерн нуди десет милиони, но како што заврши трансферот на Тијаго Алкантара во Ливерпул денес, германскиот шампион ќе искористи дел од парите за трансфер на Дест.

Така, во следните неколку дена Дест може да пристигне во Баерн и една од двете желби на тренерот Ханси Флик ќе биде исполнета.

Исто така и играчот на Челзи, Калум Хадсон-Одои се поврзува со Баварците.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.