SportM
Фудбал

„Само љоморни луѓе го мразат Кристијано Роналдо“

Д М10 јун 2020
„Само љоморни луѓе го мразат Кристијано Роналдо“

Кристијано Роналдо доминира на фудбалската сцена повеќе од една деценија.

Заедно со Лионел Меси, неверојатниот Португалец е без сомнение најдобриот фудбалер на светот, и иако има 36 години, тој сепак работи напорно за да остане на врвот.

Дека уште од самиот почеток сакаше да биде најдобар, тврди и неговиот поранешен соиграч од португалската репрезентација, Костиња.

Тој ги опиша своите први средби со Роналдо.

“Од самиот почеток можеше да се види дека тој сака да биде најдобар. Тој тренираше да стане најдобар и тој беше неверојатен. Тој секогаш беше играч кој ги почитуваше старешините и поставуваше многу прашања за да стане уште подобар. Тој наскоро стана лидер”, рече Костиња и продолжи:

“Тој работи напорно. Тој не е човек кој чека сè да само. Тој постојано бара како да биде подобар. Ако луѓето велат дека некој е подобар од него, тој само треба да му покаже на светот кој е навистина најдобриот”, додаде поранешниот играч од средниот ред. :

“Невозможно е да не го сакате Роналдо, освен ако не сте љоморни. Тој е многу смирен и јас сум среќен што гледам што постигнал”.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.