Connect with us

Фудбал

Само поради ЛГБТ популацијата: Постои можност Катар да остане без Мундијалот!

Неверојатно, но Катар би можел да остане без организација на Мундијалот.

„Ако Катар не сака да покаже гостопримство кон сите луѓе, тој нема да биде организатор на Светското првенство. Светското првенство е настан што треба да ги зближи сите луѓе“, рече Џани Инфантино, претседател на ФИФА, на бизнис форумот во Доха.

Имено, причината е ЛГБТ популацијата. Катарците ги гледаат организациите за човекови права и стравуваат за членовите на таа популација бидејќи хомосексуалноста е забранета во оваа земја.

Организаторите гарантираат дека сите ќе бидат безбедни, но никој со сигурност не може да каже како тоа ќе изгледа во пракса.

Светското првенство треба да започне на 21 ноември, додека финалето е закажано за 18 декември годинава и се надеваме дека нема да има откажувања поради вакви бизарни причини и дека сите гости ќе ги почитуваат законите на земјата во која доаѓаат.

Треба да се напомене и дека Инфантино зборуваше за расизмот кој за жал се уште е раширен во фудбалот и рече дека се надева дека тоа ќе заврши.

Реклама

Facebook