Само што потпишан за Реал, а медиумите во Мадрид веќе ги “ископаа” изјавите на Азар за Меси

Еден Азар минатата ноќ официјално стана нов играч на Реал Мадрид.
Азар потпиша пет годишен договорот со Реал, а на „Сантијаго Бернабеу“ треба да биде претставен следната недела по завршувањето на репрезентативните обврски.
Сагата за доаѓањето на Азар во Реал траеше речиси половина година, а минатата ноќ клубовите конечно објавија дека сè е договорено и дека Азар сега е официјално член на „Кралскиот“ клуб.
Но, интересно е дека медиумите блиски до Реал Мадрид, се потсетиа на изјавите на Азар за Лионел Меси, на кои воопшто не му се допаѓаат.
Марка објави изјава од Азар, кога рече дека Меси е најдобриот играч на сите времиња за него и дека тој дури и немал никаква конкуренција на тоа поле.
„Велите дека постојат двајца играчи кои се најдобри од сите времиња, нема шанси! Само еден е најдобар на сите времиња: Тоа е, Лионел Меси”, поодамнешна изјава на Азар.
Исто така, во шпанските медиуми станаа “популарни” изјавата од минатата година, кога во Лигата на шампионите играа Челзи и Барселона, а Азар на „Стемфорд Бриџ“ ги донесе своите синови за да го видат капитенот на Барселона.
„Двата натпревари против Барселона во 2018 година не се моите најдобри спомени од таа година. Бев среќен што играм против Барселона и Меси, но не успеав да го направам она што сакав. Моите три сина во живо од трибините го следеа натпревар на „Стемфорд Бриџ“. Најстариот од нив е голем фан на Меси. Всушност, тие сите се фанови на Меси. Тие тој ден сакаа да го видат, бидејќи Меси е посебен играч“, рече Азар во 2018 година.



