SportM
Фудбал

Само тој може да го стори тоа: Мурињо сеуште не започна да ја тренира Рома, а веќе доби мурал во Рим

Д М7 мај 2021
Само тој може да го стори тоа: Мурињо сеуште не започна да ја тренира Рома, а веќе доби мурал во Рим

Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе седне на клупата на Рома од сезоната 2021/22.

Иако тој допрва треба да пристигне на „Олимпико“ за да започне со работа, а тоа ќе биде по крајот на тековната сезона, навивачите во Рим веќе започнаа да слават и на различни начини го одбележуваат фактот дека нивниот клуб ќе го тренира еден од најдобрите светски тренери.

По 11 години се враќа во Италија, каде освои тројна круна со Интер. Тој потпиша тригодишен договор со Рома, доаѓајќи откако беше отпуштен во Тотенхем. Лондонскиот клуб беше единствениот во тренерска кариера на Мурињо со кого не успеа да освои ништо.

Откако беше назначен за тренер на Рома, Португалецот рече: „Благодарам на семејството Фридкин што ме избра да го водам овој одличен тим и да бидам дел од нивната визија“, изјави Мурињо за официјалната веб-страница на Рома, додавајќи:

“По средбите со сопственикот на клубот и Тијаго Пинто, веднаш сфатив какви амбиции имаат Рома. Таквите амбиции секогаш ме мотивирале и сакам заедно да изградиме проект за победа во следните години”.

„Неверојатната страст на навивачите на Рома ме убеди да ја прифатам оваа работа и едвај чекам почеток на новата сезона, а во меѓувреме му посакувам на Фонсека се најдобро“, рече Мурињо.

Навивачите на Рома слават, веруваат во Мурињо и конечно веруваат дека нивниот тим ќе освои некој трофеј по подолго време.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.