Самуел Ето избра момче кој смета дека ќе го наследи Меси во Барселона: Клубот треба да се грижи за него

Самуел Ето доживеа одлични моменти во дресот на Барселона.
Легендарниот Камерунец ги заврши скоро сите акции што му ги подготвија легендите како Меси, Роналдињо, Чави и Иниеста и постигнаа 130 гола на 199 настапи за каталонскиот клуб.
Ето често ја споменува Барселона, а сега во едно од интервјуата зборуваше за можно заминување на Лионел Меси и момчето што може да го наследи.
Тој верува дека новата голема приказна за тимот од Камп Ноу ќе биде Ансу Фати и дека ќе ја преземе улогата на Меси кога ќе си замине.
„Сè уште не е завршено времето на Меси на „Камп Ноу“, иако тој сè уште нема потпишано нов договор“, рече Ето и продолжи:
“Верувам дека Ансу Фати е човек за иднината. Тој прави навистина неверојатни работи и мислам дека клубот треба добро да се грижи за него. Се надевам дека тој ќе ја преземе улогата на Лионел Меси еден ден”, изјави камерунскиот напаѓач.
Фати дебитираше за првиот тим на Барселона кога имаше помалку од 17 години. Тој одигра вкупно 43 натпревари и постигна 13 погодоци.



