SportM
Фудбал

Санчо не планира да го напушти Дортмунд

Д М5 дек 2019
Санчо не планира да го напушти Дортмунд

Англискиот талент го бараат најголемите клубови во Премиер лигата, додека неговата предност за иднината се чини дека е Шпанското првенство.

Џејдон Санчо е еден од најголемите таленти на европскиот фудбал.

Англискиот фудбалер веќе изминатите две сезони блеска во дресот на Борусија Дортмунд.

Како резултат на тоа, најголемите клубови во Премиерлигата го свртеа погледот кон него.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челзи се дел од англиските клубови кои го сакаат поранешниот играч на Манчестер Сити.

Странските медиуми денови претходно пишуваа дека Санчо, од своја страна, претпочита трансфер во Шпанија, Реал Мадрид или Барселона.

Сепак, германскиот таблоид „Билд“ пишува дека Санчо сака да остане во Дортмунд барем до следното лето.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.