SportM
Фудбал

Санчо се чини дека е прескап за Челзи

Д М14 фев 2020
Санчо се чини дека е прескап за Челзи

Челзи не сакаат да платат 120 милиони евра за офанзивниот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, кој го сакаат некои клубови од Премиер лигата.

Санчо е еден од најбараните играчи.

Англиската sвезда стана мета на клубовите од Премиер Лигата кои го сакаат во текот на летото.

Еден од клубовите што го сака Англичанецот е Челзи.

Сепак, британскиот „Дејли стар“ пренесува дека во Челзи не се подготвени да платат 120 милиони евра, онолку колку што бараат Борусија Дортмунд.

Последниот освојувач на Лига Европа се повлече од Санчо, откако успеа да ги обезбеди услугите на sвездата на Ајакс, Хаким Зијеч.

Во меѓувреме, за Санчо интерес покажаа и други англиски гиганти, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.