Сари го сака Жоргињо по секоја цена

Маурицио Сари продолжува да инсистира да го има својот омилен играч од средниот ред Жоргињо, кој беше со него и во Наполи и во Челзи, во текот на сезоната кога тој ги водеше лондончаните.
Италијанскиот тренер воопшто не е задоволен од настапот на Миралем Пјаниќ во центарот на средниот ред и го побара Жоргињо, како играч кој добро ги знае барањата на Сари, но и италијанскиот шампионат, каде играше многу сезони.
Затоа челниците на Јувентус започнаа преговори со Челзи и дадоа прва понуда, откако предложија размена од помеѓу Жоргињо и Даглас Коста.
За играчот од средниот ред на италијанската репрезентација, Челзи бара најмалку 50 милиони евра, додека Бразилецот од Јуве се проценува на околу 40-45 милиони евра, но се чини дека страните започнале преговори.
Челзи направи сензационален потег досега, потпишувајќи го играчот на Ајакс, Хаким Зијеш и исто така напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер (потребна е дополнителна потврда), но заминувањето на Вилијан и Педро создава простор за друг фудбалер во нападот.



