Connect with us

Фудбал

Сари: Јас дури и не разговарав со Пјаниќ …

Објавено:

Миралем Пјаниќ ги одбројува последните недели во Јувентус, откако тој официјално стана играч на Барселона пред неколку дена и следната сезона ќе игра за гордоста на Каталонија.

Преговорите меѓу Барселона и Јувентус траеја скоро два месеци, а на крајот работата беше завршена на задоволство на двете страни. Пјаниќ ќе замине на Ноу Камп, а Артур Мело на стадионот „Алијанц“, но само од следната сезона.

Јувентус реши сериозно да смета на Пјаниќ во наредните два месеци, па искусниот играч од средниот ред беше стартер и против Џенова исто така, и имаше прилично добра игра.

По натпреварот, ситуацијата и трансферот на Пјаниќ ја коментираше и тренерот на „Бјанконер“, Маурицио Сари, кој рече дека во последниве денови воопшто не разговарал со новиот член на трофејниот клуб од Ноу Камп.

„Деновиве не сум разговарал со Пјаниќ … Последен пат кога го сторив тоа беше по карантинот, затоа што беше резервиран за овие 20-25 дена. Се запрашавме и баравме причина. Тоа повеќе беше психолошки пад“, рече искусниот стручњак и продолжи:

„Сигурен сум дека тој ќе игра добро во овој период, јас низ сè минувам добро, сум смирен. Воопшто не сум загрижен од таа страна“.

Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барселона со неверојатна откупна клаузула во висина од 400 милиони евра.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама