Сари одлучи да доведе напаѓач во јануари

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, одлучи во јануари клубот да се засили со доаѓање на напаѓач.
Плавите играат фантастично оваа сезона и немаат пораз, но напаѓачите не не воодушевиа. Жиру и Мората постигнаа три гола заедно, односно сите три ги постигна Мората во Премиер Лигата.
Жиру е тука за да асистира, но генерално Сари мисли дека му треба вистински голгетер од јануари и одлучи да донесе напаѓач.
Сари гледа кон Италија, таму го воодушеви полскиот напаѓач Пиатек, кој во дресот на Џенова постигна девет гола во Серија А.
Втор на листата на желби е Мауро Икарди, но капетанот на Интер е многу потешко да го доведат во јануари, а Интер бара најмалку 110 милиони евра, а Аргентинецот го сакаат и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Затоа Челзи најверојатно ќе се фокусира кон играчот на Џенова, кој се покажа како вистинска сензација.



