SportM
Фудбал

Сари сака Ковачиќ и Игуаин да останат во клубот

Д М8 апр 2019
Сари сака Ковачиќ и Игуаин да останат во клубот

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари побара од раководството да ги откупи договорите на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид и на Гонзало Игуаин од Јувентус кои играат за „сините” како позајмени фудбалери.

Договорот за позајмица на Ковачиќ истекува ова лето, а Сари е задоволен од игрите на хрватскиот репрезентативец.

Во исто време, лондонскиот клуб има забрана за регистрирање нови играчи во следните два трансфер прозорци.

Челзи има поднесено жалба на оваа одлука, па од исходото ќе зависи дали ќе може да бидат исполнети желбите на тренерот, се разбира доколку и самиот тој остане на тренерската позиција.

Оваа сезона, 24-годишниот Ковачиќ играше на 42 натпревара за Челзи. Евентуалниот негов трансфер се проценува на 35 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.