Сари само што пристигна, а „Старата дама“ веќе го нервира со клаузулата во договорот!

Маурицио Сари денеска беше претставен во Јувентус за нов тренер на италијанскиот шампион.
Сари допрва треба да започне со вистинска работа во Јувентус, но тој веќе најде нешто што не му се допаѓа.
Имено, „Старата дама“ веќе успеа да го “вознемири” својот нов тренер, со клаузулата вградена во неговиот договор.
Со потпишувањето на тригодишниот договор, Сари се обврза да го носи официјалното клупско одело на Јувентус на сите јавни настани.
Сепак, Сари би сакал на теренот да биде облечен во неговите тренерки исто како и што беше и во Емполи, Наполи и Челзи.
„Јас повеќе би сакал да не го носам оделото на Јувентус на теренот“, рече Сари и продолжи:
„Надвор од теренот, кога го претставувам Јувентус, морам да го носам, напишано е во мојот договор … Но, на теренот, не би го носел. Ќе зборуваме за тоа.“
„Она што е важно во мојата возраст, е да не барате да излезам гол“, се пошегува на крајот на Сари.
Очигледно, Сари не е обожавател на формални одела, а ќе видиме дали „Старата дама“ ќе ги корегира правилата…



