Сари: Сергеј и Луис Алберто не можат да бидат заедно

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, им објасни на италијанските новинари зошто Луис Алберто не беше меѓу стартерите на последните два натпревари, па го допре и српскиот репрезентативец.
„Милинковиќ-Савиќ и Луси Алберто не можат да играат заедно. По последниот натпревар сфатив дека не може да биде така. Да игравме против поодбранбен ривал, можеби ќе се обидевме, но го гледав Луис на тренинзите во последните денови и сфатив дека повеќе му одговара кога натпреварот се игра со послабо темпо. На Олимпик му подготвивме вертикални додавања на многу специфичен начин, за такво нешто беше заслужен Данило Каталди во улога на плејмејкер. Од друга страна, Лукас Леива има карактер и искуство, па ќе ги искористам тие двајца“, изјави Сари.
Луис Алберто не беше меѓу стартерите против Интер, кога Лацио славеше со резултат 3:1, но и на натпреварот против Олимпик во Лигата на Европа, кој заврши без голови.



