SportM
Фудбал

Саул Нигез нов играч на Челзи

Д М31 авг 2021
Саул Нигез нов играч на Челзи

Последниот ден од преодниот рок, Челзи носи уште едно засилување.

Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез ќе стане нов член на актуелниот европски шампион, а доаѓа од Атлетико Мадрид на позајмица.

26-годишниот фудбалер ја освои титулата во Шпанија со Атлетико минатата сезона, а за јорганџиите одигра над 300 натпревари. Тој дебитираше за првиот тим на Атлетико уште во 2012 година како 17-годишник.

Желбата на играчот беше да се испроба во Премиер лигата, а претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, додека Барселона се обидуваше да го донесе во Шпанија.

Наводно, се е договорено меѓу сите страни и сега се очекува само официјална потврда за трансферот во последните часови од летниот преоден рок.

Скај Спорт објави дека Челзи ќе му плати на Атлетико четири милиони евра за позајмица, и дека има право да го купи играчот на крајот на сезоната за дополнителни 35 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.