Се ближи ли крајот на Енфилд? Новиот клуб на Мохамед Салах може да биде изненадување за целиот свет

Она што е Роберт Левандовски во Германија е Мохамед Салах во Англија.
Договорот и за двајцата истекува во летото 2023 година, се уште не потпишуваат нови, а медиумите само „удираат“ вести за потенцијални нови клубови за нив.
Репрезентативецот на Египет, како и Левандовски во Баерн, е прва фигура на својот тим и оваа сезона постигна 30 гола на 45 натпревари со 14 асистенции во сите натпреварувања и е најзаслужен што Ливерпул е на крајот од сезоната во борбата за четири трофеи, од кои еден веќе го освоија (Лига купот на Англија).
Во ФА Купот влегоа во финалето, во Премиер лигата водат мртва трка со Манчестер Сити за титулата, а во Лигата на шампионите се на прагот на финалето по победата од 2:0 против Виљареал во првиот натпревар од полуфиналето.
Наместо да уживаат во сите овие убави работи, навивачите на Ливерпул се загрижени за ситуацијата со Салах.
Според странските медиуми, Египјанецот би можел да биде продаден доколку не го продолжи договорот со „црвените“ на лето, бидејќи Ливерпул очигледно не сака да се коцка и да го остави до крајот на договорот на „Енфилд“, бидејќи нема да може да земе надомест за него. Како нов клуб се споменува ПСЖ.
🚨 Mo Salah would potentially be tempted by an adventure at Paris Saint-Germain.
The Egyptian has still not extended his contract with Liverpool and could be sold if he doesn’t sign a new deal.
(Source: @TeleFootball) pic.twitter.com/9q2m6jopfy
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 2, 2022
Да потсетиме, Салах во Ливерпул пристигна од Рома во летото 2017 година, а во кариерата играше и за Челзи, Фиорентина, Базел и Ел Мокавлун во својата родна земја каде ја започна својата кариера.



