SportM
Фудбал

Се борат за опстанок во третата лига, а сега поведоа против Барселона во Купот на кралот (ВИДЕО)

Д М5 јан 2022
Се борат за опстанок во третата лига, а сега поведоа против Барселона во Купот на кралот (ВИДЕО)

Во тек е натпреварот од шеснаесетфиналето на шпанскиот кралски куп помеѓу Линарес и Барселона.

Домашната екипа која вообичаено се натпреварува во третата лига води со 1:0 од 19. минута.

Илијас Ахомач имаше одлична шанса за Барселона во 18. минута, не погоди, а потоа следуваше пенал.

Карнисер нафрлува од десно, а Хуго Дијаз со глава ја погодува мрежата за големото славје на домашните навивачи.

За квалитетот на Линарес доволно е да се каже дека се борат за опстанок во третата лига каде се на 14. место со 22 бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.