Се чека потврда, Мурињо носи долгогодишен пријател

Француската телевизија „Канал +“ објави дека на Жозе Мурињо во Тотенхем му се придружува стар познаник.
Луис Кампос, кој во минатото работеше во Лил како спортски директор, побара ослободување, и се покажа дека причината не лежи само во тоа што неговата улога стана маргинализирана.
Споменатите медиуми тврдат дека Кампос, добил понуда од Тотенхем, поточно од долгогодишниот пријател Мурињо, со кого соработувал и за време на неговата епизода во Реал.
Кампос беше скаут што го донесе „Специјалниот“ во последната, трета година на „Сантијаго Бернабеу“ и како голем експерт за скаути се докажа скоро каде и да работеше. Особено во Монако.
За време на неговата работа во кнежеството, тој препозна многу играчи и подоцна ги препродаде по многу повисока цена. Некои од нив се Фалкао, Родригез, Фабињо, Воен…
Португалецот, наводно, се договорил со Тотенхем и само се чека официјална потврда.



