SportM
Фудбал

Се чека само официјална потврда: Дијаз се договорил за се, се знае колку ќе потпише

Д М29 јан 2022
Се чека само официјална потврда: Дијаз се договорил за се, се знае колку ќе потпише

Ливерпул до крајот на преодниот рок ќе го официјализира доаѓањето на Луис Дијаз од Порто.

Рано утринава потврди и еминентниот Фабрицио Романо, кој напиша дека се решаваат само мали детали, а Луис договорил се со Ливерпул и е подготвен веднаш да потпише за „црвените“.

На „Енфилд“ ќе добие петгодишен договор.

Иако имаше клаузула од 80 милиони евра со Порто, трансферот беше договорен за 60 милиони евра плус бонуси кои Ливерпул ќе ги плати на португалскиот клуб во зависност од тоа како игра Колумбиецот.

Дијаз беше најдобар стрелец на минатогодишното Копа Америка, а Јирген Клоп го гледаше како одлично засилување во веќе силниот напад на неговиот тим.

Роберто Фирмино, Садио Мане и Мохамед Салах летово ќе наполнат 30 години и ќе влезат во последните 12 месеци од договорите, а со доаѓањето на Дијаз јасно е дека еден од нив би можел да биде продаден.

Овој напаѓач оваа сезона одигра 28 натпревари за Порто и постигна 16 гола со шест асистенции.

Тој во Порто пристигна во 2019 година од Јуниор Колумбија, а во својата земја играше и за Баранкиља каде ја започна кариерата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.