Connect with us

Фудбал

Се чини дека навистина нешто се подготвува: Дали Мбапе ќе им „прободе нож во грб“ на навивачите на Реал Мадрид?

Килијан Мбапе би требало да го напушти ПСЖ на лето.

Така барем изгледаше до пред некој ден.

Договорот на одличниот француски напаѓач истекува на крајот од оваа сезона и тој ќе биде слободен во потрага по нов клуб – доколку не реши да ја продолжи соработката со актуелниот лидер на Лига 1.

Се чини дека тоа воопшто не е нереална опција, иако трансферот во Реал Мадрид беше речиси завршена работа. Францускиот весник „Ле Паризиен“ ја пренесува веста дека Мбапе размислува да го продолжи договорот со актуелниот тим и со тоа да му сврти грб на Реал.

Мбапе останува во ПСЖ поради Зидан?

Француски RMC Sport пренесува дека легендарниот Зидан ќе го преземе ПСЖ најдоцна во летото 2022 година.

Моментално тренер на ПСЖ е аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино, но RMC Sport пишува дека прашање на денови е кога тој ќе стане поранешен, со оглед на тоа што ја изгубил довербата од раководството на клубот.

„Дејли Мирор“ тврди дека ПСЖ се надева дека со доаѓањето на Зидан на клупата ќе успее да го убеди Мбапе да остане, со оглед на тоа што тој многупати досега изјавил дека Зидан е неговиот најголем фудбалски пример.

Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и четири пати беше француски шампион со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.

Сезонава постигна 18 гола на 26 натпревари и им подели 15 асистенции на соиграчите.

Реклама

Facebook

Реклама