Се чини дека не е сè во парите: Бегство од Ноу Камп за три пати помала плата!

Барселона се ослободи од еден од паразитите, додека самиот фудбалер бараше бегство од Ноу Камп.
Она што требаше да биде остварување на сонот, всушност стана ноќна мора. Скапите, можеби прескапи засилувања никогаш не ги оправдаа вложените пари, па разделбата беше најдоброто решение.
Кога во јануари 2018 година беше платен неверојатни 140 милиони, Филипе Кутињо требаше да биде дел од пеколниот тандем, но Бразилецот никогаш не успеа да блесне на Ноу Камп.
Кутињо во меѓувреме беше на позајмица во Баерн, но тие не сакаа да го задржат ниту во Минхен. Тој се врати во Барселона, но на Ноу Камп не се чувствуваше како да е во своето „природно живеалиште“.
Нова позајмица следеше зимата кога пристигна во Астон Вила. Имаше малку време да се прероди и да почне да игра како во најдобрите денови.
Токму поради оваа причина член на Премиершип го откупи договорот на Бразилецот за солидни 20 милиони евра, што е најдобар показател за загубата на Каталонците.
Сепак, она што е особено интересно е висината на платата на Кутињо, која на Вила Парк ќе биде дури 70% помала отколку на Ноу Камп.
Угледниот Телеграф пренесува дека Кутињо ќе заработува 125.000 фунти неделно, додека во Барселона таа бројка била неверојатни 470.000 фунти.
Некои информации велат дека самиот фудбалер лично инсистирал да му се намали платата поради големата желба трајно да се врати во англискиот фудбал.
Кутињо има „само 29 години“, а Стивен Џерард верува дека може да биде од голема корист за Астон Вила, која следната сезона ќе има високи амбиции.
“Кутињо се уште е на својот врв. Кога дојде не беше доволно подготвен и му требаше време да се навикне на тоа, но тој сигурно ќе биде важен играч тука во наредните години”, изјави Џерард.
„Тој ќе се издигне на повисоко ниво поради чувството дека знае дека ќе игра редовен фудбал. Тој е играч кој треба да се чувствува потребен и има потреба од поддршка“, додаде менаџерот на Вила.
Офанзивниот играч за врска на 16 натпревари во Премиершип успеа да постигне четири гола и да забележи три асистенции, па не размислуваа премногу да го купат на Вила Парк.



