„Се чувствувам како полноправен член на Манчестер Јунајтед“

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диого Дало изјави дека новиот менаџер на клубот од Олд Трафорд, Ерик тен Хаг е многу баран и дека тоа им се допаѓа на играчите, како и дека со неговото доаѓање се зголемиле очекувањата.
Поранешниот тренер на Ајакс остро го критикуваше својот тим откако загубија два гола предност на подготвителниот меч со Астон Вила и му дозволија на противникот да стигне до реми од 2:2 на крајот од мечот.
„Тен Хаг е дисциплиниран, мораме да бидеме подготвени да слушнеме работи кои можеби не ни се допаѓаат“. Целта на критиката е да ни овозможи да се подобриме и тоа е најважно. Почнуваме повторно: имаме нов менаџер, нова енергија, засилувања и со нетрпение очекуваме да играме со нив. Ни треба единство, за да напредуваме како колектив“, рече 23-годишниот Дало .
Дало минатата сезона ја делеше минутажата на десната бековска позиција со Арон Ван Бисак, но се чини дека новиот менаџер ќе му даде шанса да застане и да стане стандарден поради офанзивните недостатоци на неговиот конкурент.
Се чувствувам како полноправен член на Манчестер Јунајтед, но секако дека морам напорно да тренирам“. Сакам да бидам подготвен за клубот, тренерот – за да можат да се потпрат на мене. Морам да покажам што знам, дојдов во овој клуб и сакам многу настапи. Би рекол дека сум во добра ситуација, но има простор за напредок“, заклучи Португалецот.
Новата сезона во Премиер лигата започнува на 5 август, а Манчестер Јунајтед во првото коло го пречекува Брајтон.



