SportM
Други

Се чувствувате ли измамено? Мајк Тајсон и Џејк Пол лудуваат заедно на забавата кај Доналд Трамп (ВИДЕО)

Редакција21 јан 2025
Се чувствувате ли измамено? Мајк Тајсон и Џејк Пол лудуваат заедно на забавата кај Доналд Трамп (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Не така одамна, Мајк Тајсон и Џејк Пол имаа боксерски меч кој привлече десетици милиони гледачи, а два месеци подоцна двајцата повторно се сретнаа.

Тие двајца присуствуваа на инаугуративниот бал за Доналд Трамп, кој вчера стана 47-ми претседател на САД и таму приредија шоу. Пол во еден момент реши да го стави  Мајк на рамениците и да го подигне, што очигледно за момент ја исплаши боксерската легенда.

Во објава на социјалните мрежи, Пол покрај фотографиите со Тајсон напиша „Најдобри пријатели“, а потсетуваме дека пред тепачката имаа жесток конфликт, а при една пресметка Стил Мајк дури и му удри шлаканица на својот помлад ривал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.