Поврзи се со нас

Фудбал

Се е готово: Нејмар ќе потпише петгодишен договор!

Бразилската sвезда Нејмар во следните денови ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ.

Актуелниот договор на ѕвездата на францускиот шампион важи до 2022 година. Како и да е, тој постигна договор за нов подобрен договор и во следните денови ќе потпише петгодишно партнерство со клубот.

Неговата плата ќе остане иста. Таа изнесува скоро 37 милиони евра годишно, но според ЕСПН Бразил, причините зошто тој решил да го потпише новиот договор се спортски, а не економски.

Да потсетиме, Нејмар пристигна во 2017 година во најголемиот трансфер на сите времиња (222 милиони евра) во ПСЖ од Барселона.

За клубот од Париз, тој одигра само 89 натпревари во нешто повеќе од три сезони и постигна 72 погодоци.

 

loading...

Facebook