SportM
Фудбал

Се најлошо во врска со Анчелоти: Ме излажа! Не верувајте на тренери кои ви ветуваат многу

Д М2 јул 2021
Се најлошо во врска со Анчелоти: Ме излажа! Не верувајте на тренери кои ви ветуваат многу

Карло Анчелоти го напушти Евертон по година и пол.

Искусниот италијански тренер реши да го напушти Гудисон Парк откако доби понуда од Реал Мадрид и тој официјално стана нов тренер на кралевите на Мадрид.

Еден од фудбалерите со кој Анчелоти соработуваше во Евертон е норвешкиот напаѓач Џошуа Кинг, и тој нема убаво мислење за Италијанецот.

29-годишниот фудбалер тврди дека Анчелоти го излажал и дека немал никаква комуникација со него.

“Немав комуникација со него. Ме излажа. Не ни помислував дека ќе започнам на 18 натпревари”, рече Кинг и додаде:

“Не верувајте во тренери кои ви ветуваат многу или велат дека ќе имате шанса да играте. Нема многу чесни луѓе во фудбалот”, рече Кинг.

Кинг беше во списокот на Евертон 18 пати во изминатата полусезона, и тој доби шанса да игра на 11 од нив. Тој немаше ефект на овие натпревари.

Норвешкиот напаѓач претходно играше навистина добро во дресот на Борнмут, а играше и за Блекбурн, Хал, Борусија (М) и Престон.

Анчелоти, пак, го предводеше Евертон во вкупно 67 натпревари. Тој забележа 31 победа, 14 нерешени натпревари и 22 порази.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.