Се одиграа првите осминафинални натпревари од фудбалскиот куп на Македонија

Дербито помеѓу Вардар и Шкендија заврши без победник, Брегалница на домашен терен успеа да го совлада прволигашот Македонија ЃП.
Шкендија имаше водство од 2:0, но на крајот не успеа да слави. Шкендија со головите на Омар Имери (8′), Бесарт Ибраими (42′) на полувреме засмина со 2 гола предност но и со играч помалце, 34′ Гледи Мици доби директен црвен картон.
Вардарци во второто полувреме со головите на Бојан Колевски (72′), Жунињу (80′) успеа да го израмни резултатот но на самиот крај Дарко Мицевски (90’+1) доби црвен картон.
Брегалница е единствениот второлигаш кој победи прволигаш. Благодарение на Пепи Горгиев (41′) патуваат на реваншот во Ѓорче со предност од 1:0.
Борец – Струга 0:0
Брегалница – Македонија ЃП 1:0
41′ Пепи Горгиев
Црвен картон: 67′ Благоја Спиркоски (М)
Пелистер – Работнички 1:1
39′ Благојче Главевски – 68′ Николче Шаркоски
Лабуништа – Охрид 2:0
11′ Мартин Лекоски, 50′ Климе Далчески
Вардар – Шкендија 2:2
72′ Бојан Колевски, 80′ Жунињу – 8′ Омар Имери, 42′ Бесарт Ибраими
Црвен картон: 90’+1 Дарко Мицевски (В), 34′ Гледи Мици (Ш)
Академија Пандев – Осогово 3:0
23′, 49′ Ѓорги Стоилов, 47′ Марко Рајковиќ
Тиквеш – Ренова 0:2
88′ Ремзифаик Селмани, 90′ Фисник Зука
Црвен картон: 87′ Валон Незири – на клупа (Р)
Реваншите се закажани за 30 октомври.



