SportM
Фудбал

Се огласи и Манчини: „Ова е ден кој никогаш не сакав да го доживеам“

Д М16 дек 2022
Се огласи и Манчини: „Ова е ден кој никогаш не сакав да го доживеам“

Почина Синиша Михајловиќ, од него се простува цел фудбалски свет, а проговори и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини, голем пријател на Синиша.

Двајцата беа соиграчи во Сампдорија и Лацио и за тоа време развија големо пријателство, кое секогаш го истакнуваа.

Манчини бил во депресија по трагичната вест од Рим.

„Ова е ден кој никогаш не сакав да го доживеам, затоа што изгубив пријател со кој делев речиси 30 години од мојот живот, на теренот и надвор од него. Не е фер таква страшна болест да однесе човек од 53 години кој се бореше како лав до последен момент. Исто како што беше на теренот. И токму така Синиша секогаш ќе остане со мене, дури и да го нема, како што беше во Џенова, Рим и Милано, подоцна дури и кога тргна по различни патеки“, рече Манчини.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.