SportM
Фудбал

Се огласија од Реал Мадрид: Асенсио мора на операција

Д М24 јул 2019
Се огласија од Реал Мадрид: Асенсио мора на операција

Реал Мадрид одигра пријателски натпревар против Арсенал минатата ноќ во склоп на турнејата во САД.

По првото полувреме избраниците на Зинедин Зидан губеа со 2:0, но успеаја да се вратат и на крај да победат на пенали.

Асенсио, поради повреда мораше да го напушти теренот, и сите се надеваа дека тестовите ќе покажат дека повредата не е тешка.

Од Реал Мадрид се огласија, и ја објаснија ситуацијата.

„По тестовите, беше откриено дека тој ќе биде опериран во следните неколку дена”, стои во соопштението на Реал.

Изгледа дека Асенсио уште долго ќе чека да влезе на теренот, што во голема мера ги нарушува плановите на Зидан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.