Се отвори „апетитот“ на гигантот: Напаѓачот не доби можност да игра, а сега сакаат да заработат на трансферот

Албанскиот напаѓач Армандо Броја игра во животна форма во дресот на Саутемптон и веќе достигна вредност од девет милиони евра на трансфер пазарот.
Броја е на позајмица во Саутемптон од Челзи, а веќе има интерес од големи клубови, па во своите редови сакаат да го видат Тотенхем, Дортмунд, Атлетико, Милан…, сепак, проблемот може да настане на релација Саутемптон – Челзи.
Имено, Саутемптон по одличните игри сака да го откупи договорот на Броја од Челзи за десет милиони евра, што не им се допаѓа на сините.
Во Лондон сакаат Броја да се врати на Стемфорд Бриџ затоа што се свесни дека сега би можеле добро да заработат на ова момче иако никогаш не му дале шанса во првиот тим.
Некои медиуми на Островот шпекулираат дека за Броја пристигнала понуда од 25 милиони евра, но името на клубот не се наведува.
Броја оваа сезона постигна седум гола и запиша една асистенција на 21 натпревар, а е ефикасен во Премиершип каде одигра 18 минути и постигна пет гола, од кои сите беа клучни за Саутемптон во голгетерската борба.



