SportM
Фудбал

Се пишува ароганција, се чита Мбапе: Французинот направи уште еден понижувачки гест кон својот соиграч

Д М8 сеп 2022
Се пишува ароганција, се чита Мбапе: Французинот направи уште еден понижувачки гест кон својот соиграч

Колку и да е неверојатен играч, Килијан Мбапе има и неверојатно однесување.

Мбапе се обиде да си го измие лицето во последните изјави. Се бранеше дека не е себичен и арогантен фудбалер, но кога ќе стапне на теренот работите драстично се менуваат.

Француската суперѕвезда на одличен начин влезе во новата сезона во Лигата на шампионите. Тој постигна два гола против Јувентус со 2:1 и со тоа ги засени своите конкуренти Лионел Меси и Нејмар.

Сепак, овој натпревар не можеше да помине без уште еден арогантен гест од ѕвездата на ПСЖ. На прес-конференцијата пред натпреварот тој се насмеа на новинарските прашања, а потоа го критикуваше и сопствениот соиграч во тунелот.

Веќе подолго време се шпекулира дека Мбапе е во најдобри односи со Ахраф Хакими, а токму Мароканецот беше неговата последна жртва.

https://twitter.com/JoueursMA/status/1567232696144773120

Иако во првото полувреме му асистираше одличниот десен бек, на „гладниот“ Французин и тоа не му беше доволно, па го критикуваше на патот кон теренот.

Не е доволно да жалиш, дај ми добра топка“, изјави Мбапе откако Хакими му се извини за една акција.

Во вториот дел Мбапе беше себичен бидејќи не му ја даде топката на Нејмар во чиста ситуација додека Хакими беше заменет.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.