SportM
Фудбал

Се пласираа во Катар, но можно е да не играат таму: ФИФА покрена истрага за фалсификување имиња

Д М11 мај 2022
Се пласираа во Катар, но можно е да не играат таму: ФИФА покрена истрага за фалсификување имиња

Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против репрезентацијата на Еквадор поради наводна употреба на лажни документи за фудбалерот Бајрон Дејвид Кастиљо.

Еквадор преку квалификации успеа да избори место во Катар, заедно со Бразил, Аргентина и Уругвај, но нивното учество на Мундијалот во моментов е доведено во прашање.

Фудбалскиот сојуз на Чиле поднесе жалба до Дисциплинската комисија на ФИФА. Тие собраа документација во која ги обвинуваат Еквадорците за фалсификување на документацијата на Бајрон Дејвид Кастиљо и се наведува дека тој всушност е Колумбиец.

Бидејќи Кастиљо одигра осум натпревари за Еквадор, тие натпревари треба да бидат регистрирани во корист на ривалот со 3:0, а Чилеанците исто така изнесија и докази.

Документите до кои дошле покажуваат дека Кастиљо е роден на 25 јули 1995 година во колумбискиот град Томаку, а не на 10 ноември 1998 година во Генерал Виљамил во Еквадор.

ФИФА конечно реши да реагира. Покрената е истрага и Еквадор сега со нетрпение чека што ќе се случи во овој случај.

Оваа репрезентација е пред сериозна казна, а најголемата секако би била исфрлањето од Мундијалот. Сепак, тешко е да се очекува дека тоа ќе се случи, особено во овој случај.

Еквадорците на ждрепката за Светското првенство стигнаа во групата А заедно со селекциите на Катар, Сенегал и Холандија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.