SportM
Фудбал

Се подготвува звучен, но и изненадувачки трансфер на Хамес Родригез

Д М28 јун 2021
Се подготвува звучен, но и изненадувачки трансфер на Хамес Родригез

Хамес Родригез може да го напушти Евертон по една година.

Родригез одигра одлична сезона во Евертон, но тој значително падна во форма во самиот финиш, па воопшто не се натпреваруваше неколку натпревари.

Како што стојат работите сега, искусниот Колумбиец ќе остане на Гудисон Парк само една сезона, а следна дестинација ќе му бидат Апенините.

Родригез би можел да заврши во Милано. Росонерите сакаат замена за Хакан Чалханоглу, а Хамес изгледа идеална опција.

Инаку, Хорхе Мендес веќе разговараше со потенцијалните купувачи. Тутоспорт пренесува дека трансферот може да се реализира за 10 милиони евра.

Милан во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а сигурно е дека искусниот колумбиски играч за врска сака да се испроба во најелитното натпреварување.

Родригез остана без покана за репрезентацијата на Колумбија и не игра на Копа Америка, потребна му е нова мотивација, па росонерите кои сакаат повторно да бидат на врвот би можеле да бидат одлична опција.

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Баерн минатата сезона забележа 26 настапи во сите натпреварувања, успеа да постигне шест гола и да забележи девет асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.