Се појави видео на кое се гледа како играч на Бока Јуниорс ја удира својата поранешна сопруга со автомобил (ВИДЕО)

Аргентинската полиција се уште трага по Едуардо Салвио, кој во средата навечер со автомобил ја удрил поранешната сопруга.
Салвио најголемиот дел од кариерата го помина во Атлетико Мадрид и Бенфика, а летото 2019 година реши да се врати во Аргентина и потпиша договор со Бока Јуниор.
31-годишниот фудбалер повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но не поради фудбалот, туку поради скандалот кој го направи пред неколку дена во главниот град на Аргентина.
Имено, неговата поранешна сопруга Магали Аравена го фатила во автомобил со друга жена со која ја изневерувал извесно време и сакала да се пресметаат. Се обидела да влезе во автомобилот, но Салвио не и дозволил.
После тоа, нејзината цел била да ја отвори вратата од автомобилот за да се справи со нив, но потоа Салвио дал гас и се обидел да избега.
На социјалните мрежи се појави и видео од овој инцидент на кое се гледа како Салвио се обидува да побегне додека неговата поранешна сопруга „висела“ на вратата на сопатничката, нанесувајќи и полесни телесни повреди.
Кога успеал да побегне, таа веднаш повикала полиција и пријавила се, а аргентинските медиуми пишуваат дека се уште не успеале да го лоцираат играчот на Бока Јуниорс.
Полицијата два дена трага по Салвио и сигурно е дека ќе биде уапсен кога ќе го најде. Тие се надеваа дека тој самиот ќе се предаде, но тоа се уште не се случи.
Салвио и неговата поранешна сопруга имаат и две деца, а неодамна се разведоа. Сепак, јасно е дека некои работи се уште не се решени, но целата позадина на оваа приказна ќе се знае дури кога ќе се појави Салвио и од негова гледна точка ќе каже што се случува.




