„Се прашувам, дали е навистина потребно да се понижи таков играч?“
Д М7 апр 2021

Во Мадрид синоќа се натпреваруваа Реал и Ливерпул, а домашниот тим беше сигурен и славеше со 3:1.
Далеку од сè, но дефинитивно Мадриѓаните имаат добра предност пред реваншот.
Хорхе Валдано, човекот кој го носеше дресот на Реал и некогаш беше тренер на овој тим, особено забележа еден детаљ, што го коментираше во интервју за Мовистар. Тоа беше замената за „црвените“ во 42. минута кога Тиаго Алкантара го замени Кеита.
“Се прашувам дали е потребно да се понижи таков играч три минути пред крајот на првото полувреме. Таа промена очигледно е еден вид казна”, рече Валдано.
Тој исто така го пофали целиот тим на Реал и тренерот Зинедин Зидан и верува дека кралскиот клуб може повторно да биде европски шампион.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



