Се преправаше дека го повикуваат на телефон од ПСЖ, а утрово дојде на Камп Ноу како најголем губитник

Барселона утрово и официјално потврди дека Усман Дембеле го продолжил договорот со овој клуб.
Дембеле потпиша нов договор со Барселона до летото 2024 година, иако сите беа сигурни дека францускиот репрезентативец следната сезона ќе го гледаме во друг клуб.
Тој со месеци ги одбиваше понудите на Барселона за продолжување на договорот и официјално беше без клуб цели 14 дена, но денеска на изненадување на сите потпиша нов двегодишен договор со Каталонците.
Барселона веќе го официјализираше престојот на Дембеле и церемонијата на претставување започна во 14 часот. Дембеле прво ќе потпише нов договор, а потоа ќе позира во дресот на Барселона.
На оваа церемонија пристигна и неговиот агент Муса Сисоко, кој е најголемиот губитник од сето ова. Сисоко на секој начин се обидувал да добие што повеќе пари, но на крајот изгубил се.
Тој побара бонуси од Барселона кои ги шокираа сите, а истото им го направи и на клубовите кои покажаа интерес за Дембеле, а на крајот се откажаа од Французинот поради парите кои ги бараше неговиот менаџер.
Кога беа повлечени сите понуди, на крајот ја прифатија онаа од Барселона, која беше најниска можна, а Дембеле нема да заработи ни приближно толку пари во овој клуб како што беше случајот со претходниот договор.
Blud lost. Thought he's Mino Riola 😭😭😭😭 pic.twitter.com/lThmukGKOE
— SAM (@fcb_s_a_m) July 8, 2022
Исто така, Сисоко остана без никаков бонус, што за него беше неверојатен удар. Но, се чини дека на крајот тоа го заслужи бидејќи ги искористи сите средства само за да си обезбеди профит, а играчот очигледно не му беше толку важен.
Како што пишува каталонскиот спорт, тој дури ја измислил понудата на ПСЖ да ја покачи цената на Дембеле, а пред неколку недели додека го напуштал аеродромот во Барселона, на мобилниот телефон си поставил трик така што сите мислеле дека го повикуваат спортските директор на парижаните, Леонардо, а на крајот испадна дека тоа е само „скриншот“.
Поразен, Сисоко утринава дојде во просториите на Барселона, каде ќе потпише нов договор со Дембеле, и ќе се ракува со Лапорта и неговите соработници и ќе мора да го признае поразот.



