Се сеќавате ли кога беше одиграно последното Ел Класико без Меси и Роналдо?

Поради повредата на раката, Лионел Меси ќе пропушти неколку натпревари, па затоа нема да биде во двобој со лутиот ривал Реал Мадрид.
Меси прво го пропушта натпреварот со Интер, во среда во Лигата на шампионите и во неделата Ел Класико. Одамна нема ваков мал интерес за Реал Мадрид и Барса, што не е изненадувачки, бидејќи покрај Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус во текот на летото, го нема и Меси.
Значи, незамисливо беше тоа, но дуелот на шпанските ривал ќе се одигра без Роналдо и Меси, а дали знаете кога последен пат беше тоа?
Пред 11 години последен пат Реал и Барса, играа без Роналдо и Меси.
Во тоа време Барса играше со: Валдес, Абидал, Маркез, Пујол, Милито, Деко, Чави, Иниеста, Туре, Роналдињо и Ето.
Додека Реал играше со: Касиљас, Хајнце, Канаваро, Рамос, Пепе, Диара, Снејдер, Ван Нистелрој, Раул и Робињо.
Меси во последните 14 години пропушти само два натпревари со Реал Мадрид, а Барса не успеа да победи без волшебникот од Росарио. Инаку, Меси со 26 гола е најдобар стрелец во историјата на Ел Класико, а Ди Стефано и Роналдо постигна 18 гола.



