SportM
Фудбал

Се слави на Камп Ноу: Чави и Барселона ги добија најдобрите можни вести

Д М26 авг 2022
Се слави на Камп Ноу: Чави и Барселона ги добија најдобрите можни вести

За два дена Барселона ќе има натпревар во третото коло од Примера против Ваљадолид.

 

Пред овој натпревар на Камп Ноу решија едно многу важно прашање, а тоа е регистрацијата на Жил Кунде.

 

Шпанскиот магазин Sport објави дека Жил Кунде ќе биде достапен за натпреварот овој викенд, откако третата жалба на Барселона беше усвоена од страна на шпанската фудбалска лига.

За да го добие тоа право, Барселона беше принудена да ја намали границата на платата и да продаде дел од долгорочните ТВ права.

 

Жил Кунде потпиша петгодишен договор со Барселона по пристигнувањето од Севиља ова лето, со ослободителна клаузула од 1 милијарда евра.

 

Со овој трансфер Севиља доби 50 милиони евра плус бонуси во вредност од 12,5 милиони евра.

Клучен детал за потписот на Жил Кунде беше заминувањето на уште еден француски дефанзивец, Самуел Умтити, кој беше позајмен во италијанскиот Лече.

 

По потписот на Жил Кунде, тренерот на Барселона Чави Ернандез има тешка задача да избере тројца централни дефанзивци за натпреварот против Ваљадолид.

 

Чави има пет решенија: Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен, Ролан Араухо, Жерар Пике и Жил Кунде.

 

Инаку, Барселона во првите две кола освои четири бода. Прво ремизираа со Рајо Ваљекано, а потоа на гостински терен го совладаа Реал Сосиедад.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.